четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 36

Поповски: Младите до 29 години да аплицираат за обуките за основни вештини

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денес беше во посета на Центарот за странски јазици во Скопје кој што е партнер на Агенцијата за вработување во делот на образување за општи вештини, односно за странски јазици.

20160707_101346_resized

Последни вести

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денес беше во посета на Центарот за странски јазици во Скопје кој што е партнер на Агенцијата за вработување во делот на образување за општи вештини, односно за странски јазици.

Центарот за странски јазици од Скопје го доби тендерот на АВРМ и треба да образуваат над 1.000 млади лица до 29-годишна возраст за еден од трите странски јазици, германскиот, англискиот и францускиот, бидејќи тоа се трите најбарани јазици кои што ги поставуваат како услов странските инвеститори во Република Македонија и оние што допрва ќе влезат во Република Македонија да инвестираат, рече Поповски.

20160707_101416_resized

Тој потенцира дека има доста млади луѓе мотивирани, кои што сакаат да научат странски јазик, сакаат да постигнат некое ниво на знаење со што ќе си го олеснат своето вработување и да најдат поквалитетно работно место во иднина бидејќи сега се невработени и бараат подобра егзистенција и подобра иднина.

Заедно со обуката за основни јазични вештини која што ја имаме, заедно со компанијата Семос и компанијата Сивус во Република Македонија се обидуваме да обезбедиме и квалитетно знаење и за компјутерски технологии и со тоа што нашите клиенти, односно невработените ќе имаат подобри компетенции, ќе може да се вработат побргу и да постигнат поквалитетно ниво на вработување, рече тој.

Поповски информира дека во делот на обуки за странски јазици, од 2011-та година до 2015-та година успешно се обучени 5.325, од кои во овој момент се вработени 2.477 лица, што, според него, е добар успех за обука која што не нуди постојано вработување, туку дава само компетенции.

Поповски изрази надеж дека и овие 250 лица кои што од први јули почнаа да ја посетуваат обуката за странски јазици успешно ќе ја завршат истата и побрзо ќе најдат вработување.

Најчитани вести