Поповски не сака да присуствува на пресудата за „Тенк“

Адвокатот Стерјо Зиков, бранителот на поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски кој денеска беше осуден на девет години затвор за случајот „Триста“, изрази незадоволство од пресудата и нејзината висина.

Не сум задоволен од пресудата, како од тоа дека е огласен за виновен, а особено од висината на казната. Да се даде девет години за кривично дело сторено поред десет години и тоа во јавна набавка за која сега постои различно толкување на прописите дали биле правилно применети или не, сметам дека е работа која не треба да се коментира. Ќе се обидам да се воздржам, тоа го бараше и Ѓоко од мене. Продолжуваме да се бориме со поднесување жалба до повисокиот суд, рече Зиков, но смета дека нема да има ефект од тоа.

Тој додаде дека неговиот клиент е загрижен за утрешното изрекување на пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес каде исто така е еден од обвинетите, па побарал да не присуствува во судот.

Со оглед на денешната пресуда мислам дека беше сериозно загрижен и за утрешното читање на пресудата. Тој дури побара од мене да кажам дека утре не би сакал да присуствува при изрекување на пресудата, рече адвокатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.