Поповски: Нека победи најдобриот

Кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Поповски, изутринава го оствари своето гласачко право на петите по ред  претседтелски избори во земјава.

„Денекса очекувам на демократси избори да се изрази волјата на граѓаните и се надевам дека нема да има притисоци врз нивниот личен избор. Денеска, исто така, кај нас во фамилијата е убав ден бидејки нашиот син за првпат сега ќе може да гласа. Нека победи најдобриот, тој што има најмногу глаови, тој што има поголема поддршка од граѓаните. Се надевам дека во текот на денот нема да има никакви недоразбирања и прболеми.

Тој заедно со Ѓорѓе Иванов од ВМРО-ДПМНЕ,  Стево Пендаровски од СДСМ  и Илијаз Халими од ДПА е во трка за новиот шеф на земјава за следните пет години.