среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Поповски оствари средба со невработените во Куманово

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска во Центарот за вработување во Куманово се сретна со невработените лица. Поповски непосредно оствари контакт со овие лица и директно се запозна со потребите на поединечни случаи на невработени лица.

vlatko_popovski_mia

Последни вести

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска во Центарот за вработување во Куманово се сретна со невработените лица. Поповски непосредно оствари контакт со овие лица и директно се запозна со потребите на поединечни случаи на невработени лица.

Концептот на средби, рече, е сменет, од групни, во кои учествуваа поголема група невработени, во поединечни, бидејќи дел од граѓаните директно не го изнесувале проблемот, а имало поплаки и доставени барања за директни средби за да реши проблемот што го имаат.

Одлучив да направам агенда кога добивме многу барања, која веќе ја следам. Неколку дена бев во Тетово, Јегуновце, Гевгелија, Свети Николе, вчера во Крушево и денеска во Куманово, изјави Поповски.

Тој најави дека ќе го посети Делчево и дека во втората половина од годината ќе ги посети сите градови каде што Агенцијата има канцеларии.

Според директорот, на досегашните средби, граѓаните бараат вработување.

Граѓаните, пред се бараат вработување,подобри услови за работа, работно место согласно нивните квалификации.Секогаш кога има отворено место можам да им понудам веднаш,за тие кои немаат квалификации ги гледме нашите обуки, преквалификации, доквалификации, со тоа што секогаш препорачувам дека секоја  нова вештина е ново знаење, нова можност за вработување, ново искуство, изјави Поповски.

Тој им препорача на младите во Куманово кои можеби имаат познавање од ИТ сферата, дека се уште се отворени огласите за јава и за Дот.Нет, каде што веднаш има понуда за работа. Ги повика да ги посетат центрите, да го положат примениот испит, да потпишат договор и да добијат, како што нагласи, подарок од државата во висина од 1.350 евра неповратни средства, колку што чини обука за овие вештини.

За Јава и Дот.Нет има странски компании кои се влезени во РМ и кои веднаш по завршување на обуката и добивањето сертификат, организираат разговори и интервју за вработување.

Од првата група ја Јава обуките две лица ќе бидат ангажирани во странските компании за кратко време по поднесувањето на сертификатот и ќе почнат со работа.

Поповски рече сите што планираат да се вработат, а немаат знаење и обуки да ги искористат обуките кои се  бесплатни. – На крајот ќе имаме задволство, бидејќи тие ќе се вработат, изјави Поповски.

Во врска со проектот „Македонија вработува“, информира дека проектот завршува на 14.април и се  вработени над  15.000 граѓани што е успех – за кратко време да се направи толкав број на вработувања, исклучиво во реалниот, приватниот сектор.

Досега, освен што е зголемен бројот на работни места, зголемена е и платата, бидејќи средствата од вработувањата без придонеси ги прераспределувале за плати. – Се постигнува двојно задоволство, работникот добива поголема плата, а работодавачот зголемил плати и вработил луѓе кои му требаат. Проектот ја постигна целта. Ќе видиме кој ќе биде крајниот ефект, рече Поповски и додаде дека со проектот за младите до 29 години постигната е бројка од 12.200 млади лица  за две години што е голем успех.

По средбата со невработените, Поповски ќе оствари средба и со надлежните во компанијата „Проспера“.

Најчитани вести