Поповски: Отворените прашања во регионот можеме да ги решаваме единствено низ отворен дијалог

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денес учествуваше на Министерски состанок на државите од Процесот за соработка во ЈИЕ (ПСЈИЕ) во Правец, Република Бугарија.

-Заедно ги наласивме економската соработка, инфрастуктурното и енергетското  поврзување. Истовремено, констатиравме дека е крајно време регионот да го остави минатото и да се сврти кон заедничката европска иднина. Во таа насока, се согласивме дека отворените прашања во регионот можеме да ги решаваме единствено низ отворен дијалог и поголема поврзаност преку границите во регионот. Истото ќе отвора нова соработка меѓу државите и е пред се македонски интерес. Затоа, со сигурност ќе работиме во оваа насока, повлече МНР Попоски.
poposki2-samit
За време на состанокот, министрите го поддржаа текстот на Декларацијата по повод 20-годишнината од воспоставувањето на Процесот, која ќе биде усвоена на Самитот на шефовите на држави и влади, што ќе се одржи утре во Софија, со што практично се заокружува претседавањето на Република Бугарија со Процесот.