Поповски: Отворивме многу светски пазари за Македонија, со работата на новата Влада многу брзо ќе ги изгубиме

Она што досега ние го направивме е отварање на нови пазари, светски стратешки пазари, почнувајќи од пазарите на ЕУ, Евро-Азиската економска унија, САД, кинескиот азар, австралискиот континент, нема каде не се застапени нашите производи, изјави поранешниот директор на АХВ, Зоран Поповски на панел дискусијата „Единствени кои што се вистински партнер на земјоделците“, организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е аграрна земја, со голем земјоделски потенцијал и со производство на квалитетни земјоделски производи, но во исто време и со секундарна, односно во прехранбената индустрија. Она што досега ние го направивме е отварање на нови пазари, светски стратешки пазари, почнувајќи од пазарите на ЕУ, Евро-Азиската економска унија, САД, кинескиот азар, австралискиот континент, нема каде не се застапени нашите производи. Се она што го правевме е во делот на поддршка за земјоделскиот сектор и прехранбениот сектор во делот на застанување и зацврстување на нивните позиции, бидејќи познато е и тоа се случува секојдневно, нашите земјоделски производители и нашите преработувачки капацитети се на голем удар од се поголеми конкурентни производи, кои доаѓаат надвор од Република Македонија. Успеавме да им помогнеме на сите сегменти во прехранбениот сектор, за да можат на домашниот пазар да бидат поконкурентни, но и да бидат конкурентни на сите странски пазари. Успеавме да произведеме многу квалитетни производи и знаеме дека сите наши производи се пласирани на претходно споменатите пазари, без да имаат некакви проблеми. Се она што се работи, беше во делот на создавање добри и бренд производи, за да може да се задржат на пазарите“, рече Поповски.

Повика на итно реагирање за состојбата со праските, бидејќи како што тој кажа тие имаат премногу краток рок на траење.

„Потребно е веднаш да се реагира кај праските, а праските овие рани и средно рани и средно рани сорти, имаат многу краток рок на трење, имаат само неколку дена, тоа треба веднаш да се реагира, бидејќи освојувањето на пазарите е долгорочен процес, а губењето на пазарите е многу брз процес. Еднаш губење на пазарите, еднаш губење на довербата кај партнерите кои ги имаат нашите стопанственици, тешко ќе додје до враќање на истите пазари и тешко на оние земјоделци или преробутвачка индустрија кои ќе го изгубат пазарот. Многу вложен труд, многу енергија, многу финансиски средства има вложено и државата, но и самите земјоделски стопанственици, да ги постигнати стандардите и количините и квалитетот да се отворат пазарите, за да изгубат за толку брз, тоа би било трагично доколку е случи, а се сомневам во истото бидејќи нерешавањето на проблемите и изнаоѓање на некои краткорочни ад-хок решенија, кои што нема да ги решат реално проблемите, тогаш може многу лесно и многу брзо да ни се случи она кое што никој не би го посакал, а тоа губење на пазарите. Пред се тоа ќе значи и губење на нашите земјоделски производители, несеење или непосадување на одредени земјоделски култури. Веќе имаме информации дека се влезени и увезени големи количини на праски, покрај овие праски кои нашите земјоделски производители не можат да ги пласираат, ниту на домашниот, ниту на странските пазари“, додаде Поповски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.