Поповски поднесе жалба за притворот во случајот „300“

Поранешниот помошник-министер во МВР, одговорен за за јавни набавки, Ѓоко Поповски, поднесе жалба на одредениот притвор, откако беше осуден на 9 годишна казна затвор за набавката на 300 возила за полицијата.

Жалбата сега треба да ја разгледува Кривичниот суд во скопска единица. Инаку Поповски беше однесен во истражниот затвор Шутка минатата среда или веднаш откако ја слушна пресудата.

Притвор за него побара СЈО со објаснување дека може да побегне. Дополнително Поповски во „Триста“ треба да врати речиси половина милион евра. Инаку тој е осуден на 6 години и шест месеци и за набавката на блиндираниот мерцедес.