Поповски: СДСМ жнееше успеси со 60.000 фантомски гласачи

Во еден период претставникот на социјалистичката партија, колега од Правен факултет укажуваше на постоење на 60.000 фантомски гласачи во период кога наследникот на комунистичката партија, СДСМ, жнееше успеси, истакна Владо Поповски во анализата на ТВ Нова.

Тој напомена дека сите истражувања го идентификуваат недвосмислено очекуваниот победник на изборите и посочи дека проблемите со избирачките списоци постојат од 1991-1992 година.

Во еден период претставникот на социјалистичката партија, колега од Правен факултет укажуваше на постоење на 60.000 фантомски гласачи во период кога наследникот на комунистичката партија, СДСМ, жнееше успеси. Чистењето на избирачкиот список започна и треба да заврши за неполн месец дена бидејќи со методите кои се предвидуваат е реално проценето дека не треба повеќе време. Ќе бидеме сведоци или на коректен и сериозен однос на ДИК или на шиканирање. Доколку настане шиканирање на прочистувањето на избирачкиот список, значи дека некој сепак сака да лови во матно бидејќи ДИК ја предводи човек од опозицијата. Тоа мора да се заврши… Цврсто треба да се оди на избори на 5-ти јуни за да заврши целата оваа ситуација и да се види кој има доверба врз база на резултатите до сега, рече професорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.