четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Поповски: Се сметам за легитимен лидер на СПУКМ

Поповски, вечерва во дебата на ТВ Нова , на која присуствуваше и неговиот против кандидат Стефан Василевски и претставници на Студентскиот пленум, рече дека не е политички активист и дека тимот на СПУКМ во иднина ќе има квалитетни луѓе од сите подрачја.

davor-tvnova-768x376

Последни вести

Сметам дека изборниот процес помина во најдобар ред и се сметам за легитимен претседател, изјави  новоизбраниот лидер на СПУКМ, Давор Поповски во ТВ НОВА.

-Се чувствувам како легитимен претседател, и сметам дека изборниот процес помина во најдобар ред до 16 часот. Се случиле некои невкусни работи, но јас не можам да шпекулирам нешто што некој ми прераскажал бидејќи не сум бил присутен и не сум посведочил на случувања, изјави Поповски.

Поповски, вечерва во дебата на ТВ Нова , на која присуствуваше и неговиот против кандидат Стефан Василевски и претставници на Студентскиот пленум, рече дека не е политички активист и дека тимот на СПУКМ во иднина ќе има квалитетни луѓе од сите подрачја.

-Не сум политички активист сум се застапувам сам себе и мислам дека така ќе допринесам за општеството. Сакам во тимот да има квалитетни луѓе, не ми е битно дали се Македонци дали се Албанци, не ми е битно дали се или не припадници на политички партии,  рече тој.

 

Најчитани вести