Поповски во Брисел за безбедносната состојба во Авганистан

На покана на Генералниот Секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен,  министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе учествува на редовниот пролетен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат, што ќе се одржи утре, во седиштето на НАТО во Брисел.

На состанокот ќе биде разгледана актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, а воедно ќе се разменат и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година.

Министерот Попоски ќе има свое излагање, на кое ќе ги презентира  видувањата на земјава за иднината на надворешното присуство во Авганистан по 2014 година.