Поповски: Зошто на маргиналецот Фуере му се посветува толку значење и внимание?

Присуството на Ерван Фуере во Македонија последниве денови создава многу нејаснотии и отвора многу прашања. Пред се, во кое свејство Фуере дојде и мешетареше во Македонија? Како нечиј специјален платен емисар (можеби на фамозниот Џорџ Сорос. Впрочем, кој ги покри тошоците за неговиот пат и престој (авионски билет, хотелско сместување и сл.), самиот тој, од сопствениот џеб, или некој спонзор, мецена и слично, прашува Ѓорѓи Поповски во колумна објавена на порталот МКД.МК.

Понатаму, Поповски вели дека ако престојот на Фуере бил на лична основа, демек приватно, тогаш уште повеќе се наметнува второто прашање: каква смисла или ефект има шеф и заменик шеф на најголемата опозициска партија со него да разменуваат мислења за актуелните состојби во Македонија?

„Размената на мислења е неспорно корисна работа, но доколку станува збор за некои очекувани или зацртани ефекти од таа размена! А размената на мислења со Фуере, кој е обичен бадијалџија и не знае што да прави со себе како пензионер во Брисел, не гледам апсолутно никаква смисла. Но, се разбира ова условно го констатираме бидејќи не знаеме дали и кои структури токму во Брисел евентуално стојат зад Фуере и го користат како „либеро играч” по потреба, за да прави или да поддржува смутови по светов, во нашиов случај – во Македонија“, пишува тој.

Поповски понатаму нагласува дека е интересно да ги запрашаме поддржувачите и обожавателите на Фуере во Македонија дали се запознати со неговата личност? Кој е овој Ирец со чисто француско презиме?

„Само за потсетување: првата, или најпрвата изјава што ја даде Фуере по пристигнувањето во нашата земја (по службата во Словенија) како амбасадор на Европската Унија беше: „Јас доживеав  к у л т у р е н   ш о к   к а к о  м о ј  п р в  в п е ч а т о к   п о  п р и с т и г н у в а њ е т о  в о  М а к д о н и ј а”, цитира Поповски.

целата колумна прочитајте ја на МКД. МК