За станот да изгледа попространо: Пруги на ѕидот за мал простор

Тесен и долг простор

И овде може да ви помогнат пругите, но овој пат тие треба да бидат хоризонтални. Тие тесната ѕидна површина ќе ја направат визуелно поширока. Можете да ги примените и на килимите, но така што ќе ги поставите паралелно со тесниот ѕид. Во спротивно, просторот ќе изгледа уште подолг и подлабок и ќе го добеиете ефектот на вагон.

interior with white sofa
interior with white sofa

Доколку не сте љубители на пруги можете да користите огледала кои што на тесниот простор ќе го направат да изгледа двојно поширок доколку ги поставите покрај целиот ѕид. Можете да ставите и повеќе огледала во помали димензии, што ќе дадат ефект на прозорци.

Ако ништо од претходното не ви се допаѓа, можеби ќе ви биде интересен некој фото – тапет. Без разлика дали ќе го поставите на крајот на тесниот ходник или на ѕидот на собата, ќе имате впечаток на широчина и проѕирност. Изберете мотиви на природа, градски улици или покриви.

Мебелот да не биде гломазен

Обидете се да набавите мебел по мерка. Без разлика на тоа колку некое парче мебел ви се допаќа, доколку е гломазно, уште повеќе ќе го загуши вашиот мал простор.

modern interior
modern interior

Мултифункционалниот, модуларен мебел е одлично решение за повеќенаменски простории, на пример за дневната соба која во текот на ноќта се користи како спална соба. Ваквиот мебел содржи дополнителен простор за сместувањем како што се клупи, столчиња, фиоки под креветот.

За средување на нештата, корситете вградливи гардаробери до таванот, како и полици што се протегаат по целиот ѕид.