Попсимонова има само еден објавен научен труд на Web of science

Професорката од Земјоделски институт во Скопје, Гордана Попсимонова со својот Фејсбук коментар им го привлече вниманието на медиумите на СОРОС. Коментарот на Попсимонова има чисто политичка конотација и по својата реторика е многу близок до оној на СДСМ, објави Курир.

Таа е поттикната од реформите кои се најавуваат во високото образование, но најмалку говори за нив, а многу повеќе за други нешта.

Курир истражуваше и дојде до податок дека Попсимонова во целата своја професорска кариера има едно единствено дело објавено на Web of science. А дури 8 со кои конкурирала и се процесуираат и се уште чека дали според квалитетот ќе бидат одобрени и оценети позитивно.

Повеќето се излагања на конференции. Недостапен е бројот на дела кои до сега и биле одбиени, но многу веројатно дека има такви.

Длабоката причина за политичката изјава на професорката од земјоделскиот факултет е губењето на комодитетот на професорите со воведувањето на државниот испит и фактот што оценката ќе зависи од знаењето, а многу помалку од волјата на професорот.

Она што очигледно дополнително ја предизвикало за овој статус е  фактот што се обврзуваат професорите да пишуваат трудови со импакт фактор во признати меѓународни списанија, а не како до сега во Врање, Лесковац и регионот.

фото: Курир