Популарноста на Пендаровски и СДСМ растат, но само во Грција

Позицијата на Груевски против Грција била премногу тешка. Зад ова обвинување адресирано до македонскиот премиер, што беше објавено во дел од грчките онлајн медиуми не стои грчка, туку македонска политичка партија.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, фактот што Пендаровски и СДСМ наместо нереалната грчка црвена линија, постојано ја критикуваат македонската и бараат некакви промени во неа, сериозно допринесува за пораст на нивната популарност кај јужниот сосед, а нивните флексибилни позиции за името и обвинувањата за Владата секојдневно ги „красат” грчките медиуми, весници и портали.

Порталот „Дифенс поинт” кој што застапува главно нациналистички содржини, под фотографија од Пендаровски, пишува:

„Војна избувна во Скопје меѓу Владата и опозицијата за прашањето со името, при што опозицијата го обвинува Груевски дека многу го вовлекол прашањето за името во кампањата и дека тие опсервираат дека тој има особено тешка линија против Грција”, се вели во текстот на “Дифенс поинт“, пренесен во уште неколку онлајн медиуми.

Информираат дека Груевски ја обвинил опозицијата за предавство и ги споредил со грчките политичари, додека од друга страна за Пендаровски пишуваат:

„Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија рече дека ако биде избран, ќе се обиде да го реши прашањето за името, најпрвин постигнувајќи минимум државен консензус. На 13 ти април ќе знаеме,“ коментираат грчките онлајн медиуми.