Популарноста на Путин достигна највисоко ниво

Популарноста на рускиот претседател Владимир Путин достигна ново највисоко ниво, моментално уживајќи доверба од 86 отсто од граѓаните на Русија, пренесе МИА.

Московскиот центар за истражување на јавното мислење „Левада“ ги објави резултатите од истражувањето спроведено на 1.600 граѓани низ 134 града во Русија, пренесува британскиот весник „Индепендент“.

Во однос на ситуацијата од пред две години, популарноста на Путин е зголемена за 21 процент. Иако, постојат обвиненија за легитимноста на неговата изборна победа, јасно е дека популарноста на Путин се повеќе се зголемува како што се влошуваат односите на земјата со Западот.

Популарноста на ниту еден политичар во светот не може да се спореди со таа на рускиот претседател. Почитуваната германска канцеларка Ангела Меркел има поддршка од 64 проценти од Германците, додека американскиот претседател Барак Обама има поддршка од 46 проценти од граѓаните.

Британскиот премиер Дејвид Камерон има поддршка од 41 отсто, а австралискиот премиер Тони Абот само 29 проценти поддршка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.