Популарното селфи го зголеми бројот на пластични операции

Поради популарното „селфи“ се зголемил  бројот на хируршки зафати на лицето, покажало истражувањето на Американската академија за пластична и реконструктивна хирургија.

Со истражувањето е утврдено дека секој трети естетски хирург забележан дека е зголемен бројот на барања за корекции на лицето со цел пациентите да го подобрат својот изглед на социјалните мрежи.

„Друштвените платформи како Инстаграм, Снапчата, и Селфи.им кои содржат само фотографии ги присилија пациентите да се набљудуваат себеси под микроскоп и се покритични од предходно“, истакнал претседателот на академија Едвард Фариор.

Тој појаснува дека фотографиите го оставаат првиот впечаток кај  новите пријатели, личности од спротивниот пол или работодавци, па затоа сакаат да изгледаат совршено.

Една од причините за зголемен број на барања за естетски зафати и злоставувањето на социјалните мрежи. Според хирурзите кои учестувале во истражувањето дури 69 отсто од тинејџерите се одлучуваат за операција за не бидат жртви на насилство, а 31 отсто за да спречат.

Хирурзите известиле дека 50 отсто нив забележале дека е зголемен бројот на оперирани лица помлади од 30 години.

Истражувањето покажало дека жените се оние кои најчесто се одлучуваат за естетски корекции.