Попусти до 200 евра по м2 на станови на саемот „ Купи куќа, купи стан “

Големи попусти на станови на саемот „ Купи куќа, купи стан “ кој се одржува од 29 октомври до 1 ноември во Скопје Сити Мол.

На фејсбук страната на Сити Мол секојдневно се објавуваат понуди на станови кои ќе бидат намалени само за саемот. Има понуда на станови во Кисела Вода кои за саемот се намалени од 1.100 евра на 900 евра за квадрат, станови во Тафталиџе кои од 1.050 евра ќе бидат намалени на 900 евра за метар квадратен, станови во Аеродром кај Американ колеџ за 836 евра за метар квадратен, но и поевтини станови во Припор и Ченто за 750, односно 770 евра за метар квадратен.

На саемот „ Купи куќа, купи стан “ ќе учествуваат претставници од Министерството за финансии кои ќе нудат информација како може да се искористат субвенциите од проектот за кушување на нов дом, банките кои учествуваат во проектот – кои ќе можат да направат конкретна пресметка за станбениот кредит и градежни компании со понуда на станови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.