Поради блокадата од мигрантите, грчкиот транспортен сектор со загуби од шест милиони евра

Поради блокадата од мигрантите, грчкиот транспортен сектор со загуби од шест милиони евра
Поради блокадата од мигрантите, грчкиот транспортен сектор со загуби од шест милиони евра

Грчките транспортни компании досега претрпеа загуби од шест милиони евра поради блокадата на железничката пруга кон Македонија, објави атинското радио Скај.

Железничкиот сообраќај од Грција кон Македонија е во прекин веќе 95 дена поради блокадата од страна имигрантите, кои поставија шатори на пругата кај Идомени каде останаа заглавени по затворањето на балканската бегалска рута.

Радиото наведува дека поради ваквите загуби претставници на транспортните компании од Солун побарале од грчката Влада да преземе итни мерки за деболкирање на пругата.

Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музлис минатата недела изјави дека во реонот на Идоемни има околу 2.000 бегалци и ако властите преземет мерки за нивно насилно дислоцирање можно е да дојде до немири и судири.

Тој најави дека властите се обидуваат да ги убедат имигрантите во групи да се префрлат во прифатните центри.

Скај посочува и дека жители на селото Идоемни поднеле тужба против министерот за јавен ред Никос Тоскас поради кризата со бегалците