Поради Брегзит навалица по британско државјанство

Со звуците на музиката на легендарните ливерпулски „бубачки“, новите британски државјани се подготвуваат да ја положат свечената обврска на верност на кралицата Елизабета Втора, и да го со зголемат бројот на граѓаните од земјите на Европската унија коишто се надеваат да си ја обезбед иднината во Обединетото Кралство по неговото истапување од ЕУ.

Во градската управа на Илсингтон, на северот од Лондон, во групата којашто се собира под „Јунјон Џек“ (знамето на Велика Британија), и портретот на кралицата, се зборува за крикетот, омилениот британски национален спорт, како знак на привзаност на новата татковина, наведува агенцијата AFP во својата репортажа од британската престолнина.

„Пред референдумот за Европската унија од 23-ти јуни 2016 година никогаш не мислев дека ќе земам британско државјанство“, објаснува Алудена Лара, 43-годишна Шпанка, вработена во хуманитарна организација.

„Како државјанка на Европа се чувствував како дома. Но сега, со оваа несигурност… Имајќи предвид дека имав право да добијам државјанство, би било посигурно тоа да се стори“, додава оваа мајка на две деца којашто во Велика Британија живее веќе 19 години.

Лондон и Брисел склучија прелиминарен договор во декември за да им се гарантираат правата на речиси три милиона државјани на земјите членки на ЕУ коишто живеат во Велика Британија и на милион британски емигранти во ЕУ: Меѓутоа, многумина се недоверчиви кон ветувањата иако во 2017 година 38.528 државјани на ЕУ добиле британско државјанство наспроти само 15.460 државјанства во текот на претходната 2016 година.

За да се потврди пристапувањето во британско државјанство, потребно е да се присуствува на свеченоста во градската управа во населбата во која кандидатот живее на којашто треба да положи заклетва на верност на кралицата и да се обврзе на почитување на законите и демократските вредности на земјата.

Повеќето подносители на барањата за британско државјанство доаѓаат од индискиот потконтинент и од субсахарска Африка. Некои државјани од овие земји, но и од ЕУ, дошле во Велика Британија по бегства од своите земји.

За да се добие британски пасош, пак, кандидатите мора да живеат во Велика Британија најмалку пет години. Самата постапка може да излезе на крајот долга и скапа, околу 1.500 евра. Подносителот мора да мине и тест од британска култура што вклучува и историја, политика, спорт и готвење.