Поради црвениот картон, Пандев ќе се “лади” на три натпревари

Поради неспортскиот прекршок, Пандев ќе се "лади" три натпревари

Пандев беше исклучен во 85-та минута од натпреварот откако во еден воздушен дуел го удри со лакт во лицето противничкиот играч Маурисио. Неговиот тим загуби со 2:0, а Струмичанецот ќе мора да одлежи три натпревари суспензија.

Пандев нема да игра во дуелот со Милан в недела напладне, а ќе ги пропушти и дуелите со Удинезе на гости и Киево на домашен терен. Со оглед на тоа што следи и пауза поради репрезентативните дуели, враќањето на теренот ќе го забележи дури за еден месец, на 24 октомври против Емполи на гости.