Поради дефект на воздушните перничиња ќе бидат повлечени 11, 5 милиони возила

Неисправните воздушни перничиња повторно создаваат главоболки за произведувачите на автомобили. За само два дена компаниите Тојота, Нисан и Даихатсу објавија повик за вонреден сервис за дури 11, 5 милиони возила во целиот свет.

Во средата Тојота и Нисан објавија дека „повлекуваат“ 6 ,5 милиони возила поради можниот дефект на воздушните перничиња произведени од јапонската комапнија Таката.

Тојота наведе дека повикот се однесува на околу 5 милиони возила произведени во периодот од 2003 до 2007 година, додека Нисан објави дека во сервисите ќе изврши преглед на воздушните перничиња кај 1, 56 милиони возила произведени од 2004 до 2008 година.

Даихатсу го повлекува својот мини автомобил Мира, а во овој случај отповикувањето се врши како превентивна мерка, бидејќи засега нема пријавено никакви случаи на несреќи и повреди.