Поради дефект Припор утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, среда, поради дефект на водоводната мрежа без вода ќе останат жителите на населеното место Припор во општина Кисела Вида.

Дефектот е настанат на улична цефка на улицата Христо Татарчев број 22/2, а жителите без вода ќе останат од 9 часот утрото, па се до санирање на дефектот.