Шеесет педофили уапсени во Јужна Америка

Шеесет лица се уапсени во операција за спречување детска порнографија на територијата на 10 земји во Латинска Америка, како и во Шпанија и САД, соопштија денеска официјални претставници.

Во соопштението на Федералната Влада на Мексико се наведува дека „Операцијата без граници“, во која помогнало и Федералното истражно биро (ФБИ), опфатила 97 претреси на територијата на Аргентина, Бразил, Чиле, колумбија, Костарика, Шпанија, САД, Гватемала, мексико, Парагвај, Уругвај и Венецуела.

Притоа биле уапсени три девојчиња на возраст од девет, 14 и 15 години, кои наводно снимале порнографски видеа, кои се прикажувани на интернет, преку електронски пошти и на социјалните мрежи.

При операцијата се запленети и повеќе компјутери и смартфони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.