Поради долгиот јазик, Крос нема да добие нов договор

Близок извор до таборот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), откри дека клупските челници пред неколку дена и официјално ги прекинале преговорите околу новиот договор кој му беше понуден на малдиот играч за врска, Тони Крос.

„Веќе неколку месеци седат на преговарачката маса и не можат да најдар заеднички јазик. Крос има нереални побараувања, а сака да има и статус на стандарден првотимец. Тоа е невозможно под водство на Пеп Гвардиола. Шпанецот успешно го применува системот на ротација и нема истиот да го смени поради Тони Крос. Преговорите се прекинати и поради изјавите на Крос дека сака да игра во Англија. Мислам дека ќе му биде дозволено да ја смени клупската средина, но Баерн (М) очекува понуда не помала од 30 милиони евра”, изјави анонимниот извор од таборот на Баерн (М).

Освен Манчестер Јунајтед, понуда околу 30 милиони евра за 24-годишниот играч за врска, кој има договор со баварскиот гигант до 2015 година, подготвуваат и раководните лица на Челзи и Манчестер Сити.