Поради дождот скопската обиколница отворена за сообраќај

Поради дождот скопската обиколница отворена за сообраќај. Обиколницата денеска ќе биде отворена за сообраќај. Од Продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА известуваат дека поради лошите временски услови нема да вршат снимања.

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни  коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот се одвива по влажни коловози
Сообраќајот се одвива по влажни коловози

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.