Поради економската криза, Албанија ќе затвора амбасади

Тешката економска ситуација ја натера Албанија да затвора дипломатски претставништва. За почеток е предвидено да бидат затворени девет амбасади, пренесуваат албанските медиуми.

„Ќе бидат затворени амбасадите во Босна и Херцеговина и Хрватска, а ќе се покриваат од амбасадата во Словенија. Ќе бидат затворени во Данска и Норвешка, а надлежностите ќе бидат дадени на амбасадата во Шведска. Амбасадата во Црна Гора ќе стане конзулат“, соопштиле од албанското МНР.