Поради експлицитни фотографии британски министер си поднесе оставка

Британскиот министер за граѓанско општество Брукс Њумарк (56) поднел оставка откако бил информиран дека Сандеј тајмс ќе објави текст дека на Интернет испраќал своја експлицитна фотографија.

Њумарк, член на Конзервативната партија, побарал да „се почитува приватноста на неговото семејство“ и додал дека ѝ останува лојален на политиката на британската влада.

„Бев комплетна будала и само себеси можам да се обвинувам за ова“, рекол Њумарк, пренесува Би-би-си.

Њумарк на Интернет разменил серија експлицитни фотографии, меѓу кои и од себе во пижама, со новинарка што се претставила како млада активистка.

Тој ја повикал „активистката“ да се сретнат за време на конференцијата на Конзервативната партија, која започнува в недела.

Канцеларијата на британскиот премиер Дејвид Камерон соопшти дека премиерот ја прифатил оставката на Њумарк и дека неговото место ќе го добие конзервативниот пратеник Роб Вилсон.

Њумарк е женет и има пет деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.