Поради глупоста во Истанбул, Јувентус загуби 30 милиони евра

И со нерешен резултат Јувентус можеше да обезбеди пласман

Фудбалските медиуми во Италија веќе пресметаа дека актуелниот шампион, тимот на Јувентус, ќе загуби околу 30 милиони евра поради прераната елиминација од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Популарната „стара дама” во средата доживеа непријатна елиминација од Галатасарај иако избраниците на Антонио Конте ќе обезбедеа пласман во следната рунда и со нерешен резултат на гостувањето во Истанбул.
Од настапот во групната фаза, италијанскиот калчо гигант очекува заработувачка од најмалку 15 милиони евра.
За разлика од актуелната сезона, Јувентус во изминатата обезбеди пласман во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони и заработи околу 44.8 милиони евра.
Загубата од 30 мил. евра сепак нема да има некое големо влијание кога е во прашање зимскиот преоден рок. Челниците на Јувентус планираат да испратат само официјална понуда за белгискиот интернационалец од редовите на Калјари, Раџа Најголанд и да ја продолжат соработката со францускиот интернационалец, Пол Погба.