Поради голем пожар на грчкиот остров Китира евакуирани две села

Силен пожар беснее на грчкиот остров Китира каде властите наредија евакуација на две села.

Пожарот избувнал во петокот, но бил изгаснат. Од ноќта кон неделата тој е повторно активен како резултат на силниот ветар, јавуваат грчки медиуми.

Властите прогласија вонредна состојба на островот што се наоѓа југоисточно од Пелопонез и сверно од Крит.

Медиумите во Атина јавуваат дека на островот се упатени и дополнително пожарникари од други региони во Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.