Свет

Поради горештините во Индија починаа над 2.300 луѓе

Поради горештините во Индија починаа над 2.300 луѓе

Повеќе од 2.300 луѓе починаа во Индија поради високите температури во земјата.

Најпогодени од горештината се јужните сојузни држави Андра Прадеш и Телангана, каде починаа вкупно 2.261 лица. Најголем број на жртви има во Андра Прадеш – 1.677.

Дождовите за време на викендот ја намалија температурата на воздухот во некои места. Метеоролозите предвидуваат нови врнежи од дожд.