Поради градежни работи услугите на УЈП на привремени локации

Во Управата за јавни приходи од 20-ти овој месец почнуваат градежни работи за реновирање на приземјето од Регионалоната дирекција Скопје, каде што ќе биде новиот Контакт центар на УЈП.

Од УЈП препорачуваат на даночните обврзници и сметководствените бироа за времетраење на градежните активности да ги користат електронските услуги на УЈП или даночните кацеларии, пренесува МИА.

Се препорачува за радиодифузната такса да се користи шалтерот во зградата на Македонска радиотелевизија, за поднесување на сите видови пријави Регионалната дирекција-Скопје сутерен, Контакт центарот на УЈП и даночните шалтери во Гази Баба, Илинден и Чаир, и за поднесување барања, известувања, жалби, потврди и уверенија и даночни акти во сутеренот на Регионалната дирекција во Скопје.

Градежните активности за реновирање на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје, се реализира во рамките на ИПА 2010 во рамки на Проектот за подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници финансиран од ЕУ.