Поради грешка, сите тендери за плажи во Црна Гора поништени

Јавното претпријатие Морско добро најверојатно ќе ги поништи сите тендери за давање под закуп на плажите во Бар, Будва, Котор и Тиват, пишува врногосркиот весник „Дневне новине“.

Весникот наведува дека до овие информации дошле преку неколку извори блиски до компанијата, а проблемот настанал поради тоа што јавните огласи за давање под закуп на плажите и на одлуката на Управниот одбор на Морско добро не се усогласени во некои области.

И со одлуката и со јавниот повик е опфатена обврската секој потенцијален корисник да достави документ со којшто потврдува дека нема долгови за даноци.

Сепак, во одлуката на Управниот одбор, се вели дека тој документ го издава само Даночната управа на Црна Гора, додека во јавниот повик е наведено дека истиот документ може да се издава од страна на администрацијата на локалните приходи. Поради овие нејаснотии, некој за учество во тендерот за закуп доставиле документ од Даночната управа, а другите од локалната администрација, која е една од главните причини што на тендерот да биде поништен.