петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Поради инцидентите Франција воведе забрана за алкохол за време на Евро 2016

Франција воведе забрана за консумирање алкохол за време на натпреварите од Евро 2016-тата поради големите инциденти што се случија меѓу Руските, Англиските и Француските навивачи за време на викендот.

evro-2016-alkohol

Последни вести

Франција  воведе забрана за алкохол за време на натпреварите од Евро 2016-тата поради големите инциденти што се случија меѓу Руските, Англиските и Француските навивачи за време на викендот.

Владата во Франција најави забрана за алкохол во близина на сите стадиони каде што ќе се одигруваат натпреварите од Европското Првенство како и во фан зоните, пренесува „Раша Тудеј“.

Голем број инциденти деновиве се случија во Марсејна и надвор од стадионот Велодром во кои беа вклучени навивачите од Русија, Англија и Франција.

Министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казенев нагласи:

Побарав да се спроведат сите неопходни мерки за да се забрани продажбата, консумирањето и транспортот на сите алкохолни пијалаци на чувствителните места за време на натпреварите и ден пред тоа, како и во деновите кога фан зоните ќе бидат отворени.

Поради инцидентите Франција воведе забрана за алкохол за време на Евро 2106

Поради инцидентите Франција воведе забрана за алкохол за време на Евро 2106

На локалните власти ќе им биде дозволено да одлучат кои области се „чувствителни“. Казенев рече дека во најавената забрана за алкохол се вклучени јавните простори и продавници, додека во баровите и кафулињата исто така ќе биде забрането да се служат пијалаци во лименки на нивните тераси затоа што истите може да се употребат како оружје.

Над 1.200 полицајци интервенираа за да ги спречат инцидентите што избувнаа во Марсеј за време на викендот, што започнаа така што навивачите почнаа да фрлаат шишиња и столови меѓусебно.

Најчитани вести