Поради кризата, проституцијата „цвета“ во Грција

Поради се поголемата криза во Грција, „цветаат“ сексуалната индустрија и проституцијата. Од 2008-мата, откако започна финансиската криза во Грција, зголемен е бројот на жените што работат во „секс индустријата“. Жените нудат сексуални услуги за пари, за да обезбедат храна за нивните деца и за нив самите, пишува „Грик рипортер“.

Околу една третина Грци живеат под линијата на сиромаштија и жените и децата се најранливите категории кои воедно се и најпогодени од мерките за штедење. Зголеменото ниво на невработеност, кое надмина 25 отсто, принуди околу 18.000 жени (во 2012-17.000) да се проституираат. Според Центарот за општенствени науки и универзитетот Пантејон, бројот на жени што нудат сексуални услуги се зголемил за околу 150 отсто.

Помладиот истражувачки асистент за Човекови права Ева Козе забележува:

-За овие неколку години, Атина се бореше со се поголемиот број луѓе што ги загубија нивните работни места, беа исзбркани од нивните домови и беа погодени од сиромаштијата. Откако беа воведени мерките за штедење се зголеми нивото на заболени од ХИВ, самоубиства и депресија, а стотици илјади луѓе беа исклучени од здравствениот систем.

Таа додева дека некои луѓе живеат на улиците, а други одат таму за да најдат дрога и клиенти за работа.

Како што наведува Грик рипортер, грчката легислатива не е од многу голема помош. Уличната проституција е илегална, но сексуалната работа, како онаа во борделите не е. Сепак, за жените да работат во боредели мора да обезбедат посебна лиценца. Само 1.000 сексуални работници се официјално регистрирани бидејќи според законот жените треба да исполнат голем број барања за да бидат регистрирани како сексуални работнички.

– Владата во Грција треба да воведе сеопфатен пристап за јавно здравје за оние што нудат сексуални услуги во замена за пари, дрога и други потреби и да се осигура дека полицијата ќе ги почитува правата на жените чиишто животи ионака веќе се доволно отежнати, вели Козе.