Поради кризата во Украина поскапува житото во Србија

Пченицата и пченката ќе поскапат во наредните денови и недели и во Србија, поради влијанието на кризата во Украина на светските пазари, тврди Жарко Галетин, директор на новосадската Продуктна берза.

Тој не можел да прецизира колку точно ќе биде скокот на цената на житарките, но рекол, дкеа сигурно во одреден период ќе достигне 10 отсто, а кога тоа ќе се случи, а потоа и ќе запре зависи од Украина и од светските пазари.

Галетин вели дека цените на пченката растат од ден на ден и на Продуктната берза во Нови сад,  а нешто слично ќе се случува и со пченицата во наредниот период.