Поради лошото време откажани десетици летови во Истанбул

Авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ откажа 48 летови до домашни и меѓународни дестинации, а причината за тоа се лошите временски услови во Истанбул, објавија локалните медиуми.

Откажани се летовите за Дијарбекир, Газиантеп, Мардин, Батман, Адана, Анталија, а од меѓународните летови откажани се летовите кон Белград, Приштина, Баку, Тбилиси, Будимпешта.

Поради лошото време утринава беа откажани и патувањата на траектите во Босфор, информира весникот „Тјуркие“.