Македонија

Поради магла на некои патишта видливост од само 50 метри

Поради магла на некои патишта видливост од само 50 метри

Поради магла на патиштата кај Страцин, Тетово, Павлешенци и Кула на излезот од Скопје видливоста е намалена на само 50 метри, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Инаку, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката  се одвива тековно,по наместа влажни коловои.Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.