Поради магла намалена видливост на патиштата, затоа возете внимателно

Поради појава на магла е намалена видливоста на повеќе патишта во земјава, па така во Скопје видливоста е до 100 метри, Куманово до 20, Демир Капија до 70, Неготино до 200, Сарамзалино до 30, Петровец и Кула до 50 метри.

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по влажни коловози во поголемиот дел од земјата. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.