Поради магла намалена видливоста на повеќе патни правци

Поради магла видливоста на патниот правец Градско – Неготино – Демир Капија е намалена од 30 до 50 метри, а на патниот правец Делчево – Македонска Каменица од 50 до 100 метри.

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека на остаантите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози на повисоките места и наместа влажни коловози на пониските места.

Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.