Поради магла откажани летови и намалена видливост на патиштата

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и Барселона, покажуваат податоците од веб страницата на концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.

Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Скопје и Катланово.

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по наместа  влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.