Македонија

Поради магла откажан лет за Истанбул, доцнат слетувањата од Цирих и Франкфурт

Поради магла откажан лет за Истанбул, доцнат слетувањата од Цирих и Франкфурт

Летот за Истанбул од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје на турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ изутринава е откажан поради магла.

Како што е наведено на веб страницата на аеродромот, со задоцнување се очекува да слетаат и авионите од Цирих и Франкфурт.