Поради маглата- намалена видливост на патишта, откажани летови на скопскиот аеродром

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на обиколницата околу Скопје, како и на патните правци Скопје- Катланово и Скопје- граничен премин Блаце.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Маглата предизвика проблеми и на скопскиот аеродром каде дел од летовите се откажани, а дел се пренасочени кон Охрид и Приштина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.