Поради маглата откажани утринските летови од аеродромот „Александар Велики“

Поради намалената видливоста на пистата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје утрово не се реализираше летото Истанбул – Скопје – Истанбул на турската авиокомпанија „Туркишерлајнс“.

Во текот на ноќта беа реализирани летовите Љубљана – Скопје – Љубљана на три авиокомпании „Луфтханза“, „Адриа Ервејс“ и „Сас Скандинавиан ерлајнс“ со мало задоцнување од 15 минути.

Маглата веќе една недела го отежнува авиосообраќајот во земјава поради што за време на најгустата магла и видливост од само неколку метри аеродромот целосно беше затворен за сообраќај. Десетици  летови беа откажани, а дел беа пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.