Поради мајка му станал монструм – Го терала да го допира пенисот на татко му

Инцестуозната врска со неговата мајка веројатно била капката која ја прелила чашата и го поттикнала масовниот убиец во Андрес Брејвик да изврши невидено грозоморно злосторство кое ја потресе Норвешка, се тврди во новата книга.

Брејвик во крвавиот поход уби 77 лица, главно тинејџери, а повреди повеќе од 300 лица во бомбашкиот напад во Осло и масакрот на островот Утоја. Поради тие злосторства, за кои тврди дека ги извршил за да ја заштити Норвешка од муслимани, беше осуден на 21 година затвор.

Меѓутоа, норвешката новинарка Осне Саирста, во новата книга „Приказната за Андерс Брејвик и масакрот во Норвешка“ тврди дека причината за неговата психоза е дисфункционалниот однос со неговата мајка Венке Беринг.

Таа била покрај него додека се повлекувал во својот свет и го планирал убиствениот поход. Подоцна на психијатрите детално им опишала како нејзиниот „мил“ син полека се претворал во посесивен лудак.

Меѓутоа, Саирста тврди дека госпоѓа Беринг го злоставувала Андерс додека бил дете. Наводно таа боледувала од параноидна шизофренија и не можела на својот син да му пружи сигурност и утеха.

„Барала од Андерс повремено да го допира пенисот на неговиот очув, бидејќи сметала дека тоа е важно за сексуалноста на детето“, пишува во книгата.

Венке својот син од мали нозе го подложувала на своја интерпретација на сексуалното воспитување. Спиела со него во ист кревет, а имале и „блиски телесни контакти“, се наведува во извештајот кој го напишал тим од психијатри за судењето на Брејвик.
На полицајците не им го раскажала тоа, но раскажала дека Андерс во една прилика и купил сексуално помагало за да ја утеши по раскинувањето со нејзиното момче. Истовремено, често на Андерс му велела дека би сакала да е мртов, а додека бил дете често го тепала.

Венке Беринг починала во 2013 година, а надлежните органи не му дозволиле на Брејвик да излезе од затвор за да присуствува на погребот.

Falconer, Westminster, London

 

Извор: Вести онлајн

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.