Поради насилните протести во Балтимор воведен полициски час

Властите во Балтимор наредија во градот да се распоредат илјадници војници од Националната гарда и полицајците, по избивањето на немирите во градот, а во Мериленд е прогласена вонредна состојба.

Во насилствата по погребот на 25 – годишниот црномурест Американец  Фреди Греј, кој почина откако беше повреден во полициски притвор, повредени се 15 полицајци.

Градоначалничката Стефани Ролинг Блек повика на смиреност и воведе полицисчки час од 10 часот навечер до 5 часот наутро.

Надзорникот на полицијата на Мериленд нареди да се распоредат 5.000 полицајци во градот и побара помош од 5.000 војници од поширокиот средноатлански регион.