Поради навреда на Ердоган, писател е осуден на 11 месеци затвор

Турскиот писател и новинар Ерол Озкорај осуден е условно на 11 месеци затвор, бидејќи во еден текст го навредил претседателот Реџеп Таип Еродоган, известуваат турските судски служби. Озокрај е осуден од судот во Истанбул, бидејќи како коавтор на текст го навреди Ердоган кој во август беше избран за претседател на Турција, по 11 години на чело на турската влада.

Ерол Озкорај во текст во 2013 година кој го напиша со својата сопруга социологот Нуртен Озкорај, оцени дека Владата спроведува „исламски авторитаризам“, за што аргументи наоѓаа во текстовите објавени за време на тринеделните антивладини протести.

Тие протести, полицијата брутално ги угуши, а во текот на нередите загинаа осум лица, а илјада се ранети. Многу од демонстрантите беа уапсени.Против учесниците на протестите беа покренати повеќе од сто судски процеси, меѓу кои и 26 осомничени дека биле организатори на демонстрациите.