Поради Нејмар, затвор за претседателот на Барса?

Шпанското обвинителство од судијата Пабло Рус побара да го осуди претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Хозе Бартомеу на две години и седум месеци затвор поради затајување на данок, по трансферот на Бразилецот Нејмар.

bartomeu500

Обвинителството воедно побара и затворска казна од седум години и три месеци за поранешниот прв човек на каталонскиот клуб, Сандро Росел.

Според Обвинителството Барселона која е обвинета за затајување на данок при овој трансфер, дополнително треба да ја исплати целата сума до 33 милиони евра.

Спорот е околу разликата во висината на трансферот кој според шпанскиот фудбалски гигант Барселона за премин на Нејмар од Сантош на „Камп Ноу’’ во 2013 година платила 57 милиони евра, додека јавното обвинителство тврди дека сумата е поголема од 83 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.