Поради немање услови одложено рочиштето за случајот „Таргет – Тврдина“

Поради тоа што не биле исполнети законските услови за да се одржи судењето, односно обвиниетите претходниот ден ја доставиле листата на докази, но само во еден примерок, во петокот беше одложено првото рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а следното рочиште е закажано да се одржи на 17-ти јануари.

Бранителите на обвинитетите се обврзаа дека уште во текот на денешниот ден доказите ќе ги достават и до СЈО.

По завршувањето на рочиштетото, бранителите на обвинитетите, кусо изјавија дека судењето било одложено поради процесни пречки, додека обвинетиот, поранешниот прв човек на Убравата за безбедност и контраразузнвање (УБК), Сашо Мијалков, не сакаше да открие какви докази предложиле вчера до судот.

Во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во еден обвинителен акт, првообвинети се Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, и уште десетина лица.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујoвски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Солун и за чијашто екстрадиција тамшниот суд треба да се изјасни денеска, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски.

Грујовски и Бошкоски, кои се наоѓаат во екстрадиционен притвор во Солун, откако на 18-ти октомври беа уапсени на солунскиот аеродром.

На денешното рочиште се појави и обвинетиот Владимир Варелов, за кого медиумите пред неколку месеци пишуваа дека обвинетиот Горан Грујовски го користел неговиот идентитет.

Јанкулоска, Мијалков и Јакимовски денеска дојдоа во судот. Нивните адвокати на почетокот на рочиштето побараа судењето да не се снима од медиумите, бидејќи дел од обвинетите се’уште се вработени во УБК.

Според обвинителниот акт од овој споен предмет, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.Така, биле прилсушувани повеќе од 20.000 лица.