Македонија

Поради нерегуларности земјоделски препарати од Франција и Грција вратени од Табановце

Поради нерегуларности земјоделски препарати од Франција и Грција вратени од Табановце

Десет тони пестициди од Франција и тринаесет тони вештачко ѓубриво од Грција се вратени денеска од граничниот премин Табановце поради утврдено непочитување на законот при увоз на земјоделски препарати, пренесува МРТ.

Производителите се Агрола и Крексарти. Во законската регулатива за производи за заштита на растенијата, која популарно се нарекува Закон за пестициди е јасно прецизирано кои препарати, кога и во колкава количина се употребуваат, велат од инспекторатот.