Поради невреме 200.000 домаќинства во Канада останаа без струја

Околу 200 илјади домаќинства останаа без струја во западната провинција на Канада, Британска Колумбија, поради бура, проследена со урагански ветрови и пороен дожд, објави МИА.

Невремето го погоди јужниот дел од провинцијата, меѓудругото и Ванкувер, мегаполисот на Британска Колумбија.

На одредени места во Канада брзината на ветерот достигна 117 километри на час.

Стотици дрва се откорнати. Прекинатите се електричните линии, а нанесена е материјална штета на десетици автомобили и на станбени згради.

 

kanada1